Едно девојче со тешки повреди е задржано на Ургентен, а другото во штипската болница, по тешката сообраќајка што се случи вчера во 14.55 часот на патот Делчево-с.Полето-с.Киселица, кај Пеловска маала.
Управувајќи со „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, В.И. (21) од с.Полето, Делчевско, поради неприспособена брзина спрема условите и состојбата на патот, изгубил контрола над возилото и неколку пати се превртел во нива.
Во незгодата со повреди се здобиле две 16-годишни сопатнички од Македонска Каменица. Поради здобиените повреди, едната од нив, поради сериозноста на повредите, била префрлена во Ургентен центар Скопје, додека другата била задржана на лекување во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил