НАТО од 25 мај ќе има ново седиште, во непосредна близина на сегашното во Брисел, а вредноста на проектот се проценува на една милијарда долари. Тоа денеска на заедничка прес конференција го потврдија шефот на НАТО, Јенс Столетенберг, и Шарл Мишел, белгискиот премиер, државата која е домаќин на Алијансата.
Новиот комплекс се наоѓа во близна на сегашниот, и зазема површина од 41 хектар. Полукружното стаклено здание со канцеларии ќе зазема 245.000 квадратни метри и во нив ќе бдат разместени претставниците на 28 мисии, (по приемот на Црна Гора и 29), како и мисиите на 19 земјипартнери.
Во комплексот ќе работат 4.000 лица, пренесува Танјуг. Одлуката за изградба на новото седишта на Алијансата беше донесена во 1999 година, а градежните работи почнаа во 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток