| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев е уценет и исплашен

vmro-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ ниту барало амнестија, ниту има причина да бара амнестија и секогаш било на страна на народот и државата. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Заев, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешното интервју на претседателот на СДСМ Зоран Заев за „Дојче Веле“. Заев во интервјуто вели: „Груевски ова што го прави, го прави за да се пазари за амнестија. Амнестија нема да има“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев е уценет и исплашен дека ќе мора да одговара за криминалите што ги правел, не може да сфати дека некој искрено ја сака Македонија и оти некој искрено и чесно се бори за одбрана на државните и национални интереси. Кај него се е предмет на пазарење и преговарање. Затоа Заев лаже и клевети, посочува ВМРО-ДПМНЕ.

Заев во денешното интервју за Дојче Веле посочува: „демократските процеси ќе продолжат и дека мнозинството ќе ја реализира обврската пред граѓаните за избор на новата Влада. Тоа ќе биде направено со почитување на Деловникот, Уставот и законите, со смиреност, на мнозинството, а и на граѓаните, со поддршката и од домашната, и од меѓународната јавност“.

Од СДСМ пак наведуваат дека Заев освен што ги измамил граѓаните, освен што  ја погазил волјата на граѓаните, освен што ги погазил Уставот, Деловникот и законите, освен што наредил да се пука по граѓаните, систематски работел на распродажба на државните и националните интереси само за да се добере до власт.

– Неговата деструктивност нема да му помине. Нема да му помине ниту заплашувањето на граѓаните со приведување на недолжни луѓе. За ова тероризирање на сопствениот народ, криминалецот Заев ќе одговара. Револтот на народот од неодговорната и антидржавна политика на криминалецот Заев расте. Тој од една страна постојано го игнорира и омаловажува барањето на народот, а од друга страна постојано со своите недемократски, незаконски и антидржавни потези го провоцира, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до граѓаните да не потпаѓаат, како што наведува, „под лагите и провокациите на овој хроничен лажго, бидејќи тоа е дел од сценариото кое Заев треба да го спроведе, а го обмислиле надворешни центри кои не и мислат добро на Македонија и на народот“.

– Граѓаните имаат право на изразување на револт и тоа да го прават достоинствено и демократски. Тоа е најсилната одбрана од оваа антидржавна структура во СДС, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top