Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Од полноќ, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 68,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 51,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 39,50 ден/лит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.