| четврток, 6 декември 2018 |

Почина човекот кој тврдеше дека има 146 години

Индонезиецот Мбах Гото, кој тврдеше дека е роден во 1870 година. Вистинското име му беше Сапарман Содимеџо, а беше познат како Мбах Гото. Според неговата лична карта, тој беше роден на 31 декември 1870 година. Тој почина во неговото село во Централна Јава, Индонезија. Старецот во април бил хоспитализиран, но потоа по негова иницијатива се вратил дома. Од тој момент до неговата смрт одбивал да јаде или да пие.

Гото ги надживеал четирите сопруги и сите негови деца. Живеел со внукот и неговото семејство, а интересно е што за смртта имал подготвено гроб уште пред 24 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top