| четврток, 6 декември 2018 |

По второто место на турнирот во Тунис, Ѓорческа со најдобар пласман во кариерата

lina gjorceska

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа имаше одличен настап на турнирот во Тунис и и беше само на чекор од голема титула во финалниот натпревар кој го загуби од Холанѓанката Ричел Хогенкамп.

Лина остави навистина добар впечаток и малку фалеше да придодаде нов трофеј во својата колекција, а настапот во самата завршница на турнирот сега и донесе и една награда на најновата ВТА листа.

Тетовката сосема заслужено се врати во топ 200 границата на ВТА ранг листата, со тоа што овојпат има и најдобар пласман во својата кариера. Лина напрердуваше цели 20 позиции во споредба со претходното рангирање, па сега е 182 тенисерка во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top