| четврток, 6 декември 2018 |

Министерството за култура го објави конкурсот за државната награда „11 Октокмври“

Министерството за култура соопшти дека е распишан конкурсот за доделување на државната награда „11 Октомври“. Со оваа награда се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Државната награда „11 Октомври“  по правило се доделува секоја година на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата.

Паричниот износ на државната награда „11 Октомври“ изнесува петнаесет (15) просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top