| четврток, 6 декември 2018 |

Временска прогноза: Утре потопло со локален краткотраен дожд

dozd-cador

Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален краткотраен дожд и ретки грмежи особено во планинските региони и повеќе на западот. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 26 степени.

Во Скопје и околината не очекува слично време со температура од 9 до 25 степени.

Сончево и топло со мала до умерена облачност, но и со услови за попладневна и краткотрајна нестабилност претежно за западот ќе има се до петок кога ќе има почести повремени врнежи повеќе во северните делови од земјата, а ќе започне период во кој повторно ќе дува северен ветер и ќе донесе мало спуштање на температурата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top