Турција може „во секој момент“ да изврши напад врз цели на Курдската работничка партија (ПКК) и сириските курдски Сили за заштита на народот во Сирија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Тој ја осуди одлуката за патролирање на силите на меѓународната коалиција, предводена од САД, долж сириско-турската граница.
– Како што кажав и вчера – можеме да извршиме таму напад уште во текот на ноќта без предупредување. Ние не ги објавуваме плановите предвремено, давајќи им детали на терористичките организации. Тие знаат дека турската армија може да отиде таму во секој момент. Тие живеат во страв, а не ние, истакна Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ердоган и Бојко Борисов ја отворија „Железната црква“ во Истанбул
-
Обезбедувањето експресно реагираше: Maж се качи на бината и го фати Ердоган за рацете (видео)
-
Ердоган: Ако најдете мои сметки во странство, ќе поднесам оставка
-
Средба Ердоган – Путин: Односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени