Основачот и претседавачот со компанијата ГЕМ која емитува програма на персиски јазик, Саед Каримијан, е убиен во Истанбул – пренесе Би Би Си.
Тој е убиен во истанбулскиот кварт Маслак, заедно со негов бизнис партнер од Кувајт. Полицијата пронашла запалено возило кое е користено во атентатот. Започната е истрага.
Каримијан е суден во отсуство пред судот во техеран и осуден е на 6 години затвор поради ширење на пропаганда против Иран.
ГЕМ ТВ преведува странски и западни програми на персиски јазик и ги емитува преку сателит во Иран.
Таа медиумска група е основана во Лондон, а потоа проширена во Дубаи.
Медиумот има 17 канали на персиски јазик и по еден на курдски, азерски и арапски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.