| четврток, 6 декември 2018 |

Маскиран влегол во аптека и под закана го зел дневниот пазар

поли

Аптека на Зегин во центарот на Скопје е ограбена синоќа од маскиран напаѓач, кој под закана од вработената одзел пари.

Како што стои во денешниот билтен на МВР, нападот бил извршен по 20 часот. ­ Во 21:30 часот од ЕИК­Скопје, пријавено е дека околу 20:10 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во аптеката, непознато маскирано лице, влегло внатре и со закана со тврд предмет од вработената одзело засега неутврдена сума на пари по што избегало во непознат правец, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, како и за целосно расчистување на случајот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top