| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се бори за првото место: Лина Ѓорческа стигна до финалето во Тунис

lina gjorceska

Денес се одигра полу -финалниот натпревар помеѓу нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа и тенисерката од Хрватска, Петра Мартиќ на турнирот во Тунис.

Нашата тенисерка не влезе најдобро во натпреварот и првиот сет го изгуби со 3-6. Но потоа Лина брилијантно се врати во натпреварот и во следниот сет успеа со 6-4 да стигне до 1-1 во сетови, а третиот сет повторно со 6-4 го освои и така стигна до заслужена победа.

Таа во финалето ќе игра против холанѓанската тенисерка, Ричел Хогенкамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top