| четврток, 6 декември 2018 |

Кога часовникот покажува 11:11… Што ви кажува магичниот спој на четири единици!

Овој број може да се смета како клуч за отворање на потсвеста. Ако сте ја забележале магичната бројка 11:11 на часовникот или компјутерот, вистинско време е да замислите желба! Во овој момент, моќта на вашата намера – да добиете голема среќа во овој живот, се совпаѓа со енергијата на броевите. Понекогаш луѓето верувале дека ако се појавеле четири единици – ангел летал на тоа место.

11 – симбол на духовната чистота, просветлување, чиста свест.

11:11 – двојно поголем број со многу моќно дејство. Ако често го забележувате, во вашиот живот ќе има ред кој претходно толку многу пати недостасувал. Чисто, уредно, апсолутно идеално време за да се направат нови планови. За многумина, кога ќе го видат овој број на часовникот, се будат асоцијации на кодот или сигналот за заживување. Исто така, овој број може да се смета како клуч за отворање на потсвеста, нашите генетски кодирани спомени за тоа дека сме души, кои тука на Земјата, имаат физичко искуство, а не физички суштества кои се стремат кон духовно искуство.

Симболот на 11:11 претходно беше криптиран во банката на нашата клеточна меморија. Човечката ДНК, нашата генетска меморија, кодирана е во одредено време и на одредена фреквенција да иницира операција на механизмот со нумерички кодови. Ако сте го виделе својот нумерички код, значи дека сте активирале нешто во своите ДНК кодови, а сега тие ќе продолжат да се појавуваат сѐдодека не добиете порака – време е да се тргне понатаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top