На националната арената „Филип Втори“ во Скопје, денеска ќе се одржи првиот аматерски атлетски митинг „Скопје 2017“.
Овој атлетски митинг е наменет за сите оние кои го сакаат трчањето, рекреативно се бават со трчање и спорт, се подготвуваат за Скопскиот Маратон или пак сакаат да ги проверат своите можности и брзина во некоја од предвидените дисциплини.
На утрешниот митинг учесниците ќе можат да се натпреваруваат во дисциплините на 100 метри, 400, штафета 4 по 400, една миља (1600 метри), 5000, 10000 метри и скок во далечина. Секој заинтересиран може да се пријави за учество на митингот преку веб страницата www.prvdovrv.mk.
Атлетскиот митинг ќе трае од 14 до 18 часот и е отворен за сите заинтересирани за трчање, како и за публиката.
Првиот атлетски митинг за рекреативци е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со Атлетската Федерација на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.