| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска спарно, високи температури и дожд

leten dozd

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови, кој попладне и во вечерните часови можно е краткотрајно да биде пороен и проследен со ретка појава на грмежи Ќе дува умерен, на места повремено засилен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од 19 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Температурата ќе достигне до 25 степени.

Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата за 4 до 5 степени во споредба со утрешната и ќе се движи од 16 до 23 степени.

Локален дожд со услови за ретки грмежи се очекуваат и во текот на следната работна недела, кога поради јужното воздушно струење, дневните температури повторно ќе бидат во пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top