Вкупно осум приведени и 83 повредени е официјалната бројка на МВР по синоќешниот инцидент во Собранието на Република Македнија. Заменик министерот за внатрешни работи Јордан Ламановски на прес конференција соопшти дека е обезбеден видео материјалот од безбедносните камери на Собранието и дека осум лица осомничени дека учествувале во инцидентот се во полициската станица Гази Баба и со нив се разговара.
По настаните во Собранието, Ламановски рече дека од 83 лица кои побарале лекарска помош, 25 се вработени во МВР, 54 се цивили, тројца се пратеници и еден е новинар.
– Од лицата кои до сега побарале лекарска помош, 28 се примени во Ургентниот центар, 48 се примени на одделот за хирургија и шест биле примени во Градската општа болница „8 Септември“. Од примените во Ургентен центар, тројца се со тешки повреди. Примените во „8 Септември“ се полициски службеници со полесни повреди и сите се пуштени на домашно лекување. Со полесни повреди е и новинарот кој побарал лекарска помош – изјави Ламановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Приведени 29 албански државјани кои непријавено работеле во Тетовско
-
Приведени странски државјанки во угостителски објекти
-
МВР го затвори кругот: Приведен и последниот осомничен за настаните од 5 април во Мала Речица
-
Решенијата за приведените ќе бидат објавени денеска: За пратениците се чека одлука дали ќе им биде одземен имунитетот