Македонија за три месеци ја очекува еден од најголемите спортски настани во нашата историја, УЕФА Супер купот 2017 кој на 8. август треба да се одржи на „Телеком арената“ во Скопје. Но, најновите несакани случувања на домашната политичка сцена, и комплетната безбедносна ситуација, ја принудува УЕФА од денеска засилено да „отвори очи“ околу организацијата на еден од трите најголеми европски клупски настани во 2017, јави Екипа.
Според нивни информации од извори од УЕФА, Европската куќа на фудбалот покрај досегашните стандардни процедури пред организација на вакви настани наредниот период, активно ќе ја следи и безбедносно-политичката ситуацијата во земјава под засилена комуникација со Фудбалската федерација на Македонија и со надлежните државни институции…
– Засега не се разгледува можноста за одземање на организацијата на Суперкупот во Скопје. Сепак, за тоа одлука може да донесе само Комитите за итност и Извршниот одбор на УЕФА, но наредниов период дефинитивно организацијата е ставена под засилен мониторинг, што е прв случај кога е во прашање организација на настан од вака висок ранг. Ќе има и засилена комуникација со ФФМ. Во секој случај, се ќе зависи од натамошниот тек на политичко-безбедносната ситуација во земјата, велат за ЕКИПА извори од УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.