| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ги турка Албанците во конфликт?

На Бал­ка­нот и на мно­гу дру­ги ме­ста на Зем­ји­на­та топ­ка по­стои тес­на по­вр­за­ност ме­ѓу пре­диз­бор­ни­те кам­па­њи и дра­ма­тич­ни­от по­раст на на­ци­о­на­лиз­мот, но она што пос­лед­ни­те не­кол­ку ме­се­ци го пра­ват ал­бан­ски­те по­ли­тич­ки пр­вен­ци во Ал­ба­ни­ја, Ко­со­во, Јуж­на Ср­би­ја и во Ма­ке­до­ни­ја е да­ле­ку од ка­ква би­ло мар­ке­тин­шка стра­те­ги­ја или пре­диз­бо­рен по­пу­ли­зам. Из­ја­ви­те на ал­бан­ски­те по­ли­ти­ча­ри ве­ќе ги над­ми­наа во­о­би­ча­е­ни­те рам­ки на по­ли­тич­ка про­па­ган­да и нав­ле­гоа во ре­ал­ни сце­на­ри­ја за но­ва вој­на на Бал­ка­нот. Кол­ку и да се дел од срп­ски­те ме­ди­ум­ски из­ве­штаи суб­је­ктив­ни и да са­ка­ат да го при­ка­жат ал­бан­ски­от фа­ктор ка­ко опас­ност за ре­ги­о­нот по­ра­ди до­маш­ни и ме­ѓу­на­род­ни при­чи­ни, се­пак из­ја­ви­те на ал­бан­ски­те ли­де­ри се до­вол­но опас­ни и без нив­но­то фи­лу­ва­ње на со­сед­ска­та про­па­ган­да. И што е нај­страш­но од сѐ, Ра­ма и не­го­ви­те след­бе­ни­ци во Ко­со­во, Ма­ке­до­ни­ја и во Јуж­на Ср­би­ја не за­пи­ра­ат со сво­ја­та во­е­на ре­то­ри­ка. Нај­ве­ро­јат­но, за­тоа што ни­кој друг се­ри­о­зен гло­ба­лен ли­дер, освен европ­ски­от би­ро­крат од Ав­стри­ја Јо­ха­нес Хан, не ги фа­тил за уши

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Евро­ко­ме­са­рот за про­ши­ру­ва­ње Јо­ха­нес Хан пре­доц­на се се­ти да пре­ду­пре­ди де­ка не­кои лу­ѓе од за­пад­ни­от Бал­кан, кои па­тем не­ма­ше хра­брост да ги име­ну­ва, мо­жат да го тур­нат ре­ги­о­нот во ха­ос. Ав­стри­ски­от евро­ко­ме­сар е раз­о­ча­ран и из­нер­ви­ран од Еди Ра­ма и од не­го­ви­те пај­та­ши, кои по­ви­ку­ва­ат на вој­на во ре­ги­о­нот. Из­ја­ва­та на Хан ќе бе­ше од­го­вор­на и на­ме­сто до­кол­ку бе­ше да­де­на пред два ме­се­ца ко­га поч­на во­инс­тве­на­та ре­то­ри­ка на Ра­ма и на дру­га­ри­те: Ва­ка и Хан и Европ­ска­та уни­ја ни ја при­ка­жаа уште ед­наш сво­ја­та ли­це­мер­ност за­тоа што се из­нер­ви­раа и раз­о­ча­раа ду­ри то­гаш ко­га беа ди­рект­но спом­на­ти. Ду­ри отка­ко ал­бан­ски­от пре­ми­ер без ра­ка­ви­ци ги уце­ни де­ка ако не­ма влез на Ал­ба­ни­ја во ЕУ, тој ќе ини­ци­ра обе­ди­ну­ва­ње со Ко­со­во и соз­да­ва­ње на Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја.

Ни­ту Хан, ни­ту не­го­ви­те ше­фо­ви, ни­ту иде­о­ло­зи­те на европ­ска­та и на аме­ри­кан­ска­та по­ли­ти­ка ка­ко до­ми­нант­ни фа­кто­ри во ре­ги­о­нот не се из­нер­ви­раа ко­га Ра­ма ди­рект­но ин­тер­ве­ни­ра­ше во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на Ма­ке­до­ни­ја со ис­пи­шу­ва­ње­то на ти­ран­ска­та пла­тфор­ма под ма­па­та на Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја во не­го­ви­от ка­би­нет. Ни­ту Хан, ни­ту не­кој друг во ЕУ не ре­а­ги­ра­ше ко­га Бу­јар Ни­ша­ни во Бу­ја­но­вац ор­га­ни­зи­ра­ше се­ал­бан­ска прос­ла­ва на ко­ја не­ма­ше ни­ка­кви срп­ски сим­бо­ли, уште по­мал­ку срп­ска хим­на. Јас­но е де­ка на не­моќ­ни­от ав­стри­ски по­ли­ти­чар во Европ­ска­та ко­ми­си­ја му е те­шко ди­рект­но да ги осу­ди Ал­ба­ни­ја и ал­бан­ски­те на­ци­о­на­ли­сти во ре­ги­о­нот за­тоа што ка­ко функ­ци­о­нер во Бри­сел точ­но знае де­ка Ал­ба­ни­ја е сла­бост на европ­ска­та и на аме­ри­кан­ска­та дип­ло­ма­ти­ја.

Не­му му е кри­стал­но јас­но де­ка ако на оваа те­ма мол­чи не­го­ва­та ше­фи­ца Фе­де­ри­ка Мо­ге­ри­ни, ко­ја е ви­це­пре­тсе­да­тел­ка на ЕК и од­го­вор­на за над­во­реш­ни­те и без­бед­нос­ни­те пра­ша­ња, то­гаш при­каз­на­та е мно­гу пос­ло­же­на. На­стра­на тоа што Мо­ге­ри­ни е со иста иде­о­ло­шка ма­три­ца ка­ко и Ра­ма, на­стра­на што Ал­ба­ни­ја во европ­ски рам­ки се сме­та за про­те­же на офи­ци­ја­лен Рим, очиг­лед­но е де­ка хра­бро­ста на ал­бан­ски­те по­ли­ти­ча­ри да им пр­ко­сат на си­те со­се­ди и на ЕУ има мно­гу по­сил­на зад­ни­на. Ко­ја и да е таа зад­ни­на, ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, пред сѐ САД, ЕУ, Гер­ма­ни­ја, Фран­ци­ја, Бри­та­ни­ја, мо­ра да знае де­ка ако јас­но и глас­но не ги за­пре по­ви­ци­те за ме­ну­ва­ње на гра­ни­ци­те, ќе би­де ди­рект­но ви­нов­на, а еден ден и су­де­на, за пот­тик­ну­ва­ње нов ха­ос на Бал­ка­нот.

kol243-gm-alb-Edi-Rama

Лаж­ни­от оп­ти­ми­зам на лаж­ни­те ал­бан­ски па­три­о­ти

Да се збо­ру­ва за во­е­ни сце­на­ри­ја на Бал­ка­нот дла­бо­ко вле­зе­ни во вто­ра­та де­це­ни­ја од 21 век е грев и срам за гло­бал­ни­те ли­де­ри, но ре­то­ри­ка­та на ал­бан­ски­те во­инс­тве­ни ли­де­ри ни да­ва пра­во и на так­ва ана­ли­за.

И, на­ви­сти­на, што е тоа што ги те­ра Ра­ма, Та­чи, Мус­лиу, Се­ла и дру­ги­те ал­бан­ски по­ли­ти­ча­ри, кои до­се­га се оби­ду­ваа да се ди­стан­ци­ра­ат од ра­ди­ка­ли­те што отво­ре­но се за­ла­гаа за Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, да вле­зат во во­е­на при­каз­на. Да­ли е тоа по­ра­стот на БДП на Ал­ба­ни­ја за 2016 го­ди­на, кој е 3,6 про­цен­ти и е нај­ви­сок во ре­ги­о­нот, но, се­пак, не е до­во­лен за за­пад­ни­от со­сед да из­др­жи по­го­ле­ма поп­ла­ва, а не вој­на со се­ри­оз­ни про­тив­ни­ци ка­ко Ср­би­ја, на при­мер. Да­ли е тоа огром­ни­от на­та­ли­тет на ал­бан­ски­те те­ри­то­рии на Бал­ка­нот ка­де што, спо­ред Ти­ра­на и При­шти­на, жи­ве­ат по­ве­ќе од 7 ми­ли­о­ни Ал­бан­ци, а ре­ал­но ако се прес­ме­та­ат си­те ими­гран­ти и ре­ал­ни­от при­ро­ден при­раст, ќе се дој­де ма­кси­мум до по­ло­ви­на од таа број­ка?

Или, мо­же­би, е моќ­на­та ал­бан­ска ди­јас­по­ра во САД и во Евро­па, ко­ја мо­же да со­бе­ре ил­јад­ни­ци до­бро­вол­ци и ми­ли­о­ни евра за ку­пу­ва­ње оруж­је со кои, ме­ѓу дру­ги­те, ќе ги­нат и ал­бан­ски си­но­ви и ќер­ки. Од дру­ги­те сце­на­ри­ја, мож­но е да се ра­бо­ти за ве­ту­ва­ња од стран­ски мен­то­ри кои га­ран­ти­ра­ат де­ка ако Ал­ба­ни­ја со обе­ди­ну­ва­ње на Ко­со­во пре­диз­ви­ка вој­на, ќе ги ос­тва­ри сво­и­те ин­те­ре­си и иде­а­ли за си­те Ал­бан­ци во ед­на др­жа­ва.

kol243-gm-alb-Jonuz-Musliu

Иди­о­ти има­ло и ќе има

До ка­де оти­де ре­то­ри­ка­та на Ра­ма и ка­кво по­губ­но вли­ја­ние мо­же да има тој врз на­луд­ни­ча­ви­те ра­ди­ка­ли во ре­ги­о­нот по­ка­жу­ва при­ме­рот со пре­тсе­да­те­лот на Со­бра­ни­е­то на оп­шти­на Бу­ја­но­вац, Јо­нуз Мус­лиу, кој спо­ред срп­ски­те ме­ди­у­ми из­ја­вил де­ка Ра­ма на Ал­бан­ци­те во Јуж­на Ср­би­ја им ве­тил де­ка Пре­шев­ска До­ли­на ќе би­де при­пи­е­на кон Ко­со­во и Ал­ба­ни­ја. Тој твр­ди де­ка Ал­бан­ци­те на ју­гот на Ср­би­ја има­ат под­др­шка од Ра­ма за ури­ва­ње на устав­ни­от по­ре­док на Ср­би­ја и де­ка зад се­то тоа се крие про­е­ктот за соз­да­ва­ње Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја. Мус­лиу, кој во 2000 го­ди­на бе­ше по­ми­лу­ван од срп­ски­те вла­сти за учес­тво во на­па­ди на срп­ски вој­ни­ци и по­ли­цај­ци, се­га нај­а­ву­ва тре­та бал­кан­ска вој­на во ко­ја, спо­ред не­го, ќе го­рат Ср­би­ја, Ма­ке­до­ни­ја, Гр­ци­ја и Цр­на Го­ра. Да бе­ше Ра­ма уме­рен и ви­стин­ски ли­дер на сво­ја­та др­жа­ва, ќе бе­ше пр­ви­от што ќе ги де­ман­ти­ра­ше збо­ро­ви­те на Мус­лиу и ќе го осу­де­ше по­ви­кот за но­ва вој­на. Но, Ра­ма од­бра да мол­чи и да приз­нае де­ка во­инс­тве­на­та ре­то­ри­ка не е са­мо пре­диз­бор­на кам­па­ња, ту­ку и мо­жен ре­а­лен план.

Во вој­на ќе ги­нат си­те, а не са­мо тие што сте пла­ни­ра­ле

Си­те прет­ход­но на­ве­де­ни ал­бан­ски ли­де­ри не се до тол­ку глу­па­ви да не сфа­тат де­ка сце­на­ри­о­то во кое Ал­ба­ни­ја и Ко­со­во ќе поч­нат вој­на и иста­та ќе ја по­бе­дат е ап­со­лут­но не­ре­ал­но. Точ­но е де­ка дел од за­пад­ни­те ли­де­ри, ме­ѓу кои и Ан­ге­ла Мер­кел и по­ра­неш­ни­от бри­тан­ски пре­ми­ер То­ни Блер, кој се­га е со­вет­ник на Еди Ра­ма, не ве­ру­ва­ат во мул­ти­кул­тур­ни др­жа­ви. Точ­но е и тоа де­ка за­пад­ни­те си­ли мо­жат во да­ден мо­мент во евен­ту­ал­на вој­на „си­те про­тив се­ко­го“ во ре­ги­о­нот да ин­тер­ве­ни­ра­ат и да ис­пи­шат ли­нии на раз­гра­ни­чу­ва­ње кои би ги фор­ма­ли­зи­ра­ле ет­нич­ки­те гра­ни­ци во ре­ги­о­нот и по­тоа би ста­на­ле трај­ни. Точ­но е и тоа де­ка со ед­на вој­на со ли­ми­ти­ран ка­ра­ктер, ко­ја би би­ла иско­ри­сте­на за ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жав­ни­те гра­ни­ци во ре­ги­о­нот во сог­лас­ност со ет­нич­ки­те ма­пи, мо­же­би би се ре­ши­ле го­лем дел од европ­ски­те проб­ле­ми, но во исто вре­ме би се отво­ри­ле уште де­се­ти­на но­ви. Вој­на­та во Бос­на нај­до­бро ни по­ка­жа де­ка на Бал­ка­нот не­ма мож­ност од ет­нич­ки др­жа­ви, освен ако во­е­ни­те пла­не­ри не пла­ни­ра­ат да из­вр­шат ге­но­цид на по­ве­ќе на­ро­ди или на де­ло­ви од на­ро­ди. И, на­ви­сти­на, ка­ко мо­же не­кој да исп­ла­ни­ра гра­ни­ца ме­ѓу Стру­га и Охрид, на при­мер? Што ќе се слу­чи со Ал­бан­ци­те во Охрид и со Ма­ке­дон­ци­те во Стру­га во та­ков слу­чај, да не збо­ру­ва­ме за Тур­ци­те, Тор­бе­ши­те, Ро­ми­те и за дру­ги­те за­ед­ни­ци што жи­ве­ат на овој по­тег. Си ја чук­нал ли гла­ва­та Ра­ма за да раз­мис­ли што ќе се слу­чу­ва во јуж­на Ал­ба­ни­ја, во гра­до­ви­те ка­де што жи­вее мно­зин­ско грч­ко на­се­ле­ние.

 

Ме­ди­ум бли­зок на Ву­чиќ об­ја­ву­ва из­ве­штај на ЦИА за вој­на на Бал­ка­нот

Срп­ски­от вес­ник „Ин­фор­мер“, кој ва­жи за ме­ди­ум под ди­рект­на кон­тро­ла на срп­ски­от пре­тсе­да­тел Але­ксан­дар Ву­чиќ, де­но­ви­ве об­ја­ви де­ло­ви од из­ве­штај од аме­ри­кан­ски­те тај­ни служ­би во кој пи­шу­ва де­ка во на­ред­ни­те 12 ме­се­ци мо­же да дој­де до рас­пад на НА­ТО и до оп­шта вој­на на Бал­ка­нот. Спо­ред из­ве­шта­јот, сце­на­ри­о­то е де­ка Ал­бан­ци­те во обид да соз­да­дат Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, ги на­па­ѓа­ат Ср­би­ја, Ма­ке­до­ни­ја и Цр­на Го­ра, по што Хр­ва­ти­те и Бо­сан­ци­те ја на­па­ѓа­ат Ср­би­ја, а Гр­ци­ја и Бу­га­ри­ја ѝ по­ма­га­ат на Ср­би­ја. Во на­вод­ни­от из­ве­штај на ЦИА, кој е до­ста­вен до аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да во Бел­град, а го об­ја­ву­ва пров­ла­ди­ни­от срп­ски ме­ди­ум, се на­ве­ду­ва де­ка Ру­си­ја ди­рект­но ќе се вклу­чи во конф­ли­ктот со до­ста­ву­ва­ње оруж­је за Ср­би­ја. Кол­ку и да е овој из­ве­штај фан­та­сти­чен и „из­мис­лен“ во про­па­ганд­ни­те ќе­лии на срп­ски­те тај­ни служ­би, се­пак да­ва ја­сен па­то­каз што сѐ мо­же да се слу­чи ако Ва­шин­гтон или Бер­лин не ги сми­ри Ра­ма и не­го­ви­те аван­ту­ри­сти за­тоа што во­е­ни Ал­ба­ни­ја и Ко­со­во не ѝ се ни до ко­ле­на на сѐ уште сил­на­та срп­ска ар­ми­ја, ко­ја што­ту­ку пот­пи­ша до­го­вор со Ру­си­ја за на­ба­вка на оруж­је. Без­дру­го и на­ви­дум сла­би­те Ма­ке­до­ни­ја и Цр­на Го­ра, ка­ко што се на­ве­ду­ва во из­ве­шта­јот, би би­ле цел на ко­ор­ди­ни­ран на­пад по­вр­зан со про­е­ктот „Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја“.

А, мис­лев­ме де­ка на­луд­ни­ча­ви­те сце­на­ри­ја оста­наа зад нас

При­тоа си­те тре­ба да зна­ат де­ка оста­на­ти­те зем­ји го ре­ги­о­нот, во прв ред Ср­би­ја, Ма­ке­до­ни­ја, Цр­на Го­ра, но и Гр­ци­ја и Бу­га­ри­ја, не­ма да се­дат со скр­сте­ни ра­це. А, на ал­бан­ски­те ли­де­ри мо­ра да им е со­вр­ше­но јас­но де­ка ли­ни­и­те на раз­гра­ни­чу­ва­ње, ду­ри и ако на стра­на­та на Ал­ба­ни­ја за­ста­не и ше­ста­та фло­та, не мо­жат да ги вклу­чат си­те Ал­бан­ци, од­нос­но де­ка мо­жат да вклу­чат и на­ци­о­нал­ни мал­цинс­тва на дру­ги зем­ји на те­ри­то­ри­ја­та на Ал­ба­ни­ја. Кол­ку и да се овие ре­до­ви на­луд­ни­ча­ви, Ра­ма и дру­га­ри­те мо­ра да ги зна­ат, мо­ра да им е јас­но де­ка не са­мо Ал­ба­ни­ја и Ко­со­во, ту­ку и це­ли­от ре­ги­он ќе пад­нат во безд­на до­кол­ку про­дол­жат со сво­и­те за­ка­ни, уце­ни и кон­крет­ни дејс­тва што би ини­ци­ра­ле вој­на на За­па­ден Бал­кан. Ра­ма и не­го­ви­те па­три­о­ти ги зна­ат овие ра­бо­ти и за­тоа е уште по­чуд­но зо­што ни­ту за­пи­ра­ат со во­е­на­та ре­то­ри­ка ни­ту, пак, не­кој им во­ве­ду­ва санк­ции за по­ви­ци­те за вој­на.

 

kol243-gm-alb-lirimЛи­рим Ја­ку­пи-На­цист

Нај­до­бар при­мер ка­ко функ­ци­о­ни­ра ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца ко­га е во пра­ша­ње ал­бан­ски­от фа­ктор е оз­лог­ла­се­ни­от Ли­рим Ја­ку­пи-На­цист, чо­ве­кот кој е при­су­тен во Ма­ке­до­ни­ја од 2004 го­ди­на ко­га за­ед­но со Агим Крас­ни­ќи со ме­се­ци го др­же­ше во за­лож­ниш­тво се­ло­то Кон­до­во, а на по­ло­ви­на час пред ак­ци­ја­та на ма­ке­дон­ски­те без­бед­нос­ни си­ли во те­тов­ско­то се­ло Бро­дец во 2007 го­ди­на до­би по­вик од за­пад­на ло­ка­ци­ја и ги оста­ви сво­и­те дру­га­ри да се бо­рат и да за­ги­нат во пре­стрел­ка­та со ма­ке­дон­ски­те спе­ци­јал­ци. Ја­ку­пи, кој на Ко­со­во, во Ср­би­ја и во Ма­ке­до­ни­ја има из­вр­ше­но ни­за се­ри­оз­ни кри­вич­ни де­ла (убис­тва, кид­на­пи­ра­ња, из­ну­ду­ва­ња), ни­ко­гаш не е ек­стра­ди­ран во зем­ји­те што го ба­ра­ат. Во 2009 го­ди­на, ка­ко осу­де­ник на 40-го­диш­на каз­на за­твор, под чуд­ни окол­но­сти ус­пеа да из­бе­га од за­тво­рот „Ду­бра­ва“ во При­шти­на, а се­га, спо­ред офи­ци­јал­ни­те ко­сов­ски ин­сти­ту­ции, се на­о­ѓа во до­ма­шен при­твор, што во пре­вод зна­чи де­ка тој, и по­крај си­от кри­ми­нал и чо­веч­ки жи­во­ти на сво­ја сме­тка, пра­ктич­но е на сло­бо­да. При­ме­рот со Ја­ку­пи е нај­до­бра мо­ти­ва­ци­ја за си­те мла­ди Ал­бан­ци во се­гаш­на­та си­ту­а­ци­ја да ги сле­дат збо­ро­ви­те на Ра­ма, Та­чи, Мус­лиу, Се­ла и да вле­зат во фил­мот на „ос­ло­бо­ди­те­ли од сло­вен­ски­те оку­па­то­ри“ и та­ка да пре­диз­ви­ка­ат вој­на во ре­ги­о­нот, а при­тоа да не се гри­жат за сво­ја­та ид­ни­на за­тоа што ќе би­дат за­шти­те­ни од „гос­по­да­ри­те на вој­на­та“. Ре­чи­си е из­вес­но де­ка ни­ту ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца на Ко­со­во ни­ту во зем­ји­те ка­де што се ди­ри­ги­ра­ат по­ли­тич­ки­те и без­бед­нос­ни­те про­це­си на За­пад­ни­от Бал­кан не­ма ре­ше­ние за овој вид проб­ле­ми. Или уште по­ло­шо, не­кој пот­тик­ну­ва и по­ма­га ва­кви сце­на­ри­ја. Не­кол­ку бал­кан­ски ме­ди­у­ми во ми­на­то­то по­со­чу­ваа де­ка Ја­ку­пи бил со­ра­бот­ник на по­ве­ќе бал­кан­ски и европ­ски раз­уз­на­вач­ки служ­би и де­ка за­тоа се­га е ам­не­сти­ран за сво­и­те не­де­ла.

 

(Текст објавен во 243. број на неделникот Република, 28.04.2017)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top