| четврток, 6 декември 2018 |

Грчкото МНР:Македонија се лизга во длабока политичка криза!

mnr

– Со тага и вознемиреност гледаме дека Македонија се лизга во длабока политичка криза. Криза која – ако треба справување со неа – бара сите вклучени страни да покажат почит за принципите на демократијата, законитоста и владеењето на правото – соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

– Почит – како што баравме со години – за културата на компромис и консензус. Во отсуство на овие принципи, се создаваат ќор-сокаци и експлозивни ситуации – се вели во соопштението.

Грчкото МНР уште додава дека „Грција, која долго го поддржува принципот на немешање во внатрешните работи на соседните земји, е подготвена, кога и да се побара од неа, да придонесе за деескалација на кризата врз основа на принципите на меѓународното право и почитувањето на независноста, територијалниот интегритет и суверенитот“ на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top