| четврток, 6 декември 2018 |

Јавно обвинителство: Се преземаат дејства за расветлување на настаните и за утврдување на фактите

Јавното обвинителство на Република Македонија ја известува јавноста дека будно ги следи настаните. Во текот на вчерашниот ден беа воспоставени и вонредни дежурства, информираат од Обвинителство.

Надлежните јавни обвинители во континуитет се во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи.

-Се преземаат дејства за расветлување на настаните и за утврдување на фактите. Во согласност со своите надлежности, Јавното обвинителство ќе постапува во сите случаи во кои ќе биде утврдено постоење елементи на сторено кривично дело и за секој од настаните по документирањето ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука – соопштуваат од Обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top