Танчарската група сочинета од 12 деца на предучилишна возраст од Порт Талбот во Велс ја воодушеви публиката и жирито на британското шоу „Британија има талент“. Тие влегоа во големото финале, а нивниот енергичен настап го обиколи светот. Членот на жирито Дејвид Вилијамс ги пофали со следните зборови: „Во танчерските групи постои еден танчар кој е ѕвезда, но во овој случај вие сите сте ѕвезди“.
– Ако вие не влезете во финалето, ќе го бакнам Сајмон Кауел – рече Аманда Холден, која исто така им посака сѐ најдобро.
Финалето на шоуто ќе се одржи на 8 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


