| четврток, 6 декември 2018 |

Читателите на „Тајмс“ мислат дека Брегзит бил грешка

breg

Поголемиот број Британци денес веруваат дека одлуката донесена на референдум за излегување од Европска унија била грешка, покажуваат резултатите од анкетата спроведена меѓу читателите на лондонскиот дневен весник „Тајмс“.

На прашањето дали Велика Британија била во право или не кога се одлучила за Брегзит, 45 отсто од читателите на „Тајмс“ одговориле негативно, додека 43 проценти мислат спротивно.

Анкетата е спроведена од маркетинг агенцијата „ЈуГов“ (YouGov) преку интернет, при што биле испитани 1.590 возрасни Британци.

На минатогодишниот референдум за Брегзит се изјасниле 52 отсто од граѓаните.

Поголемиот број испитаници, 48 проценти оцениле дека актуелната премиерка Тереза Меј е најдобра, додека 18 отсто го посочиле лидерот на опозицијата Џереми Корбин, а 33 проценти не навеле никого

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top