| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски до Заев: Кога се јавивте за збор, мислевме ќе ја отфрлите тиранската платформа

milo

Во Република Македoнија 60 дена имаме маса народ што протестира и е незадоволен. Во Република Македонија имаме една многу поларизирана ситуација најмалку што треба да се направи е како било чекор надвор од Деловникот и надвор од законите, потенцираше пратеникот Антонио Милошоски на денешната собраниска седница.

-Кога господинот Заев првпат побара збор да се обрати тука до пратениците имавме малку надеж дека ќе каже дека ја отфрли платформата заверена во кабинет на премиер на туѓа држава. Имавме малку надеж дека ќе упати апел до пратениците до победничката коалиција да ја дадат нивната поддршка ако има желба за власт, само со цел Република Македонија да не биде уценета и редефинирана – нагласи Милошоски.

Тој на Зоран Заев му порача доколку тој е уценет да не ја уценува цела Република Македонија.

– Ако сте вие заложник на некаков направен постизборен договор или на некој судски случаи, немојте Република Македонија да ја ставате во заложништво. Влогот во оваа држава на секој политичар, посебно на претседателите на политички партии е многу голем за личните амбиции, фрустрации и неостварени цели да бидат причина и повод за дополнителни ризици, нестабилност и поделба во државата – додаде Милошоски.

На крајот тој рече дека пратенците кога говорат во Собранието, говорат во името на своите гласачи, замолчување пратеник да го оствари своето право на говор значи замолчување на народот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top