| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ тргнува во невозможна мисија, сака да го доведе Иско на „Паркот на принцовите“

isko

Францускиот првак Пари Сен Жермен води жестока битка за да ја одбрани круната во домашниот шампионат, но Унаи Емери и раководството паралелно полека размислуваат и за засилувањата што ќе бидат доведени на „Паркот на принцовите“ ова лето. На Емери му е потребен нов квалитетен играч за врска, пред се и поради можноста Верати да си замине од Париз, а прв пик е играчот на Реал Мадрид, Иско Аларкон. Тој не е задоволен од минутажата која ја добива во „кралскиот клуб“, иако пред неколку дена дека неговата иднина е на „Сантијаго Бернабеу“.

ПСЖ ќе се обиде да го привлече со годишна плата од 9 милиони евра. Тоа е дури 3 милиони евра повеќе од платата што Иско би ја заработувал доколку се одлучи да потпише нов договор со Реал Мадрид. Раководството на европскиот првак веќе му достави понуда за потпис на нов договор, кој би имал важност до 2022 година.

Шпанскиот репрезентативец одигра одличен натпревар синоќа против Депортиво ла Коруња на „Риазор“, беше стрелец и на еден погодок во триумфот од 2-6.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top