| четврток, 6 декември 2018 |

Етно денови Гази Баба 2013

Општина Гази Баба во соработка со Организација на жени на Гази Баба, ја организираше првата манифестација „Етно денови Гази Баба 2013“

etno_denovi_2013_12

Манифестацијата ја отвори градоначалникот Тони Трајковски, а присутните ги поздрави и претседателката на организација на жени Гази Баба, Ленче Јовановска.

Етно денови 2013 се одржа во Скопскиот саем, а со свои ракотворби се претставија жени од општина Гази Баба, општините Крушево и Прилеп, како и гости од Врање и Краљево, Република Србија. Во уметникиот дел се претставија учениците од ДСМУ „Илија Николовски Луј“, кои со своите изведби ги одушевија присутните гости. Исто така, со македонски песни се претставија и гостите од македонско – српското здружение од Краљево.

На реализацијата на оваа манифестација претходеа организирање на етно работилници, кои со партнерот во проектот „двв Интернационал“ жените од Гази Баба и сите оние кои беа заинтересирани, учеа разни вештини за изработка на украсен накит, плетење на чипки, изработка на реплики од носии, везење на мотиви од народните носии и друго.

etno_denovi_2013_08

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top