| четврток, 6 декември 2018 |

Никола и Корнелија изгореа во својот автомобил – полицијата два часа ги вадела нивните тела

01

Корнелија Бачански (33), нејзиниот син Никола (12) и нивната сопатничка Стоја Љубичиќ (29) загинале во својот автомобил „рено“ кај местото Србобран во близина на Нови Сад по директен судир со друго возило. Во „полото“ со кое се судриле патувала брачна двојка од Суботица, која се здобила со тешки повреди.

Тројцата патници во автомобилот „рено сеник’ изгореле во сообраќајката што се случила вчера околу 13 часот.

Како што јавија српските медиуми дознавајќи од полициски извори, „реното“, најверојатно, преминало во спротивната лента, каде што дошло до директен судир. Потоа, веројатно, дошло до експлозија на резерварот, која веднаш го опожарила целото возило.

02

Како што може да се види од фотографиите, од автомобилот не останало речиси ништо.

Полицајците и пожарникарските служби кога стигнале на местото на несреќата, таму ги чекала морничава глетка, а јагленисаните тела од автомобилот ги ваделе цели два часа. Како што соопштиле надлежните, по обдукцијата на телата ќе се знае дали загинале уште при судирот или изгореле живи во пожарот.

– Објавен е првичниот извештај, а наскоро ќе се знаат деталите за оваа страшна трагедија. Засега е извесно дека имало директен судар, а за тројцата патници немало спас. Условите за возење биле добри, а видливоста одлична, па, најверојатно, станувало збор за грешка на возачот и за неприспособена брзина – изјавиле од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top