| четврток, 6 декември 2018 |

Струмица ќе биде домаќин на завршницата во Купот на Македонија во одбојка

odbojkarki

Струмица и спортската сала на средното училиште „Димитар Влахов“ в сабота ќе бидат домаќини на завршницата на Купот на Македонија во одбојка во машка и во женска конкуренција. Прво од 13.00 часот во мечот за женската Куп-титула ќе се борат Јанта Волеј и СВСК.

Три часа подоцна во машкото финале ќе соочат Лешок и домаќинот Струмица. Второпласираната екипа од регуларниот дел на шампионатот, домашната Струмица е во улога на јасен фаворит за титулата.

Победници од ланското финале во Пробиштип се Шутова во машка и Јанта волеј во женска конкуренција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top