| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерот на Албанците од Прешевската Долина: Мој претседател е Еди Рама, а не Вучиќ

Претседателот на албанскиот национален совет со седиште во Бујановац, Јонуз Муслиу, рече дека негов претседател е Еди Рама, а не Александар Вучиќ.

Како што вели тој, не се грижи што на сите документи пишува дека живее во Република Србија.

Во интервју за Прва телевизија Муслиу објаснува зошто премиерот на Албанија, Еди Рама, го смета за негов шеф.

„Се разбира дека е Еди Рама е претседател”, вели тој на прашањето дали негов претседател е Александар Вучиќ или некој друг.

Според него, во согласност со Уставот на Албанија, Еди Рама е лидер на сите Албанци каде и да живеат.

На забелешката на новинарот дека на влезот во општината и во документите пишува Република Србија, тој рече: „Нека кажат што сакаат”, и додава: „Јас живеам во Прешевската долина”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top