| четврток, 6 декември 2018 |

Саксoфонистот Иван Иванов гостува на „Твелф мунс оф џез“

На 11-от „Twelve Moons Of Jazz“ в четврток (27 април, 21.30 ч.) во клубот „Станица 26“ гостува саксoфонистот Иван Иванов, припадник на младата генерација на џез-артисти, кој своето музичко образование го стекнува надвор од земјата.

Издавачката куќа „Digital Milenium Artists“ забележува нов авторски материјал од областа на џез музиката кој е во фаза на подготовка и ќе ја имаме привилегијата да ја слушнеме пред нејзиното официјално издавање.

Композициите напишани од Иванов покажуваат своја автентичност и структурна комплексност што е веќе докажана на неговиот прв албум „Wild Flower“ издаден од „Skopje Jazz Festival Records“.

Во новиот проект станува збор за фјужн-џез, односно комбинација на динамична џез-хармонија со импровизирани фанк и други елементи од различни музички правци.

Иванов ќе биде придружуван од Стефан Миладинов, Гордан Спасовски, Благоја Антовски и Трајко Симоновски, а по полноќ следува квалитетно раздвижување со џез-сет на диџеј Бојан Чакра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top