| четврток, 6 декември 2018 |

Меланија ќе беше депортирана

melanija donald tramp
Меланија Трамп би била депортирана од САД и би ѝ бил забранет влез во земјата ако Доналд Трамп бил претседател во 90-тите кога таа работела како модел, велат адвокати кои работат на случаи со мигранти.

Меланија Трамп, тогаш Кнаус, во 1996 година работела како модел во САД, а во земјата од Словенија доаѓала со туристичка виза, кршејќи го условите за влез.

Според документите до кои дојде Associated Press, првата дама тогаш наводно заработила над 20.000 долари за неколку недели, а дури потоа добила дозвола за работа во земјата.

Строгата антиимигрантска политика на претседателот Трамп не само што не би го дозволила тоа, туку ваквите прекршители веднаш ви биле депортирани.

Сегашната прва дама се пријавила за зелена карта во 2001 година и станала натурализиран граѓанин на САД во 2006.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top