Сопругата на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, Корина, го загуби спорот со магазинот „Дие актуел“. Откако легендарниот возач настрада на скијање во Франција во 2013 година, семејството се обиде да го изолира од јавноста за тој да има мир за закрепнување.
Сепак, не спласна интересот на медиумите за здравствената состојба на возачот, па пласираа невистини и се соочија со тужба од семејството (еден од нив е и магазинот “Бунте” од кого семејството Шумахер бара отштета од 100.000 евра), а одредени медиуми ја искористија несреќата со цел да го зголемат тиражот.
Од магазинот „Дие актуел“ во 2015 година излезе фотографија на сопругата на Михаел со наслов “Корина Шумахер – новата љубов ја прави среќна“.
Но, приказната беше во врска со нејзината ќерка Џина Марија Шумахер и нејзината нова љубов. Во семејството Шумахер оправдано се налутија на таквиот наслов, сметајќи дека ваквиот наслов ги доведува читателите во заблуда и остава впечаток дека се работи за развод меѓу Михаел и Корина.
Корина на суд бараше отштета од 50.000 евра, но според пишувањето на германските медиуми, минатиот петок судот ов Хамбург одлучи по тужбата наведувајќи дека насловната страна не ги става читателите во заблуда или пак дека Корина и Михаел повеќе не се заедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.