Карлос Салвадор Билардо (78), се најде во центарот на фудбалското внимание поради срамната изјава која ја даде за “Канал Америка 24”.
На прашањето како ќе го коментира насилството врз жените во неговата татковина, поранешниот селектор на Аргентина, истото го поврза со провокативната облека на девојките кои на тој начин ги предизвикуваат своите напаѓачи.
Девојките не смеат да се облекуваат како што сакаат кога се на улица затоа што на тој начин предизвикуваат да бидат силувани. Тука станува збор за помлади девојки кои провоцираат, кои носат кратки фустанчиња, а потоа се наведнуваат, демек собираат некаква картија и на тој начин ги покажуваат своите гаќички. Се шетам по градот и гледам девојка на која и се гледа градникот. Како да не ја гледам?, изјави Билардо кој беше предводник на репрезентацијата на Аргентина која во 1986 година ја освои светската титула на Мундијалот во Мексико.
Сепак, неколку минути подоцна, свесен дека истрескал сериозна глупост, Билардо се обиде колку толку да ја поправи сликата за себе.
Нормално дека го осудувам силувањето, но има и девојки кои се облекуваат пристојно и такви кои се облекуваат провокативно. И мојата ќерка сака да се облекува на најразличен можен начин, а јас водам битка околу тоа. Ако некој се осмели да ја нападне мојата ќерка или мојата внука, јас ќе го убијам тој човек, додаде поранешниот предводник на “гаучосите”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.