| четврток, 6 декември 2018 |

Марија Шарапова победи на првиот меч по суспензијата

marija sarapova

Руската тенисерка Марија Шарапова се врати на тенисот по истекот на 15-месечната суспензија и успеа да победи на својот прв меч на ВТА турнирот во Штутгарт. Таа во два сета ја совлада Италијанката Роберта Винчи, со 7-5, 6-3. Освојувачката на пет гранслем титули беше суспендирана затоа што беше позитивна на допинг – тест на „Мелдониум“. Таа доби вајл карта од организаторите на овој турнир, што предизвика многу негативни реакции кај нејзините ривалки.

Роберта Винчи се наоѓа на 36.позиција на ВТА – листата, додека Марија Шарапова нема ранкинг, затоа што сите бодови и се избришани по суспензијата. Противничка на Шарапова во второто коло ќе биде Екатерина Макарова, кога направи изненадување со елиминацијата на осмата тенисерка во светот, Агнешка Радванска, со 6-2, 6-4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top