Илија Димовски денеска повторно потсети дека албанските политичари неколку пати досега јасно кажаа дека единствен услов за состав на влада со СДСМ е прифатена платформа од страна на Заев.
-Барањето стои. Неколку пати колегите Албанци кажаа дека платформата е условот за да има влада. СДСМ кажа дека позитивно гледа кон платформата – рече Димовски.
Димовски додаде дека точката за осудување на некаков геноцид врз Албанците е крајно неиздржана и непотврдена од никој досега бидејќи во периодот што стои во барањето реална власт на оваа територија во тоа време имале германската, бугарската и италијанската армија.
-Предлогот во платформата којшто СДСМ го прифатил е дека врз Албанците во Македонија е извршен геноцид во периодот од 1912 до 1956 година. За мене е интересен периодот од 1941 до 1943 година. Зошто? Заради тоа што реална власт на денешна територија на Република Македонија во тој период биле три армии. Трите армии денес се дел од НАТО и ЕУ. Германската армија, бугарската и италијанската армија. Си велам да не случајно сме тргнале по грчки памет кога пред две години Грците бараа воени репарации од Германците, па сега ние како Собрание да ги прогласиме германската, бугарската и италијанската армија како геноцидна поради тоа што тие биле реална власт во тој период. Тука не го гледам интересот ниту на колегите Албанци ниту на колегите од СДСМ зошто после толку години овие три армии би требало да ги прогласиме геноцидни кога поминале тие времиња – додаде Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вице-евро-рекордери во полнење кутии на гласање, кривична одговорност мора да има!
-
Димовски му порача на Груби: Седнете вие со Џафери и гласајте сами за ДИК!
-
Димовски: Амнестијата за 27 април не е услов за избор на ДИК
-
Димовски: Жално е ова што се случува, од вечерва почнува крајот на погубните политики на Заев и неговата власт