| четврток, 6 декември 2018 |

Турската војска уби 70 борци на ПКК во Ирак и Сирија

Турската армија соопшти дека денеска убила околу 70 борци во ирачката област Синџар и во северниот дел на Сирија за време на операции против групи поврзани со Курдската работничка партија (ПКК).

Претходно, војската соопшти дека бомбардирала курдски борци во областа Синџар во Ирак и во североисточниот дел на Сирија, во рамки на кампањата против групи поврзани со ПКК.

Војската потврди дека операциите имале за цел да ја спречат ПКК да внесе оружје и експлозиви за напади на турска територија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top