| четврток, 6 декември 2018 |

Струмица е за унитарна Македонија

Струмичани вечерва повторно со масовен протест низ улиците на градот ја дадоа својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Тие јасно и гласно вечерва кажаа дека НЕ сакаат двојазичност во нивниот град, како и на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб, како и од улиците тие повикаа на одржување на нови избори во нашата држава.

strumica

Освен во Струмица, вечерва протести се одржуваат во над 40 градoви и села во Македонија.

strumiuca

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top