На Заев и СДС никогаш не им биле важни земјоделците, па ни сега. Заев и криминогеното раководство на СДС ја одбраа тиранската платформа како надеж дека ќе формираат влада и ќе се спасат од кривична одговорност, наместо да се одлучат за почитување на волјата на народот и деблокирање на државата со одржување нови избори, изјави на денешната прес-конференција Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според Илиоски, на Заев му била поважна тиранската платформа.
– Да не му беше поважна тиранската платформа на Зоран Заев заедно со новите парламентарни ќе се одржеа на 7 или најдоцна до 14 мај. На овој начин, граѓаните директно ќе кажеа што мислат за редефинирањето на државата и тиранската платформа, а Македонија ќе излезеше од кризата во којашто СДС ја држи – додаде тој.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека земјоделците знаат дека единствено ВМРО-ДПМНЕ се грижи за нив и за подобрување на нивниот стандард.
– За разлика од СДС кој за време на нивното владеење имаше издвоено нула евра за субвенции, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ како субвенции на земјоделците им се доделени преку една милијарда евра. Земјоделците знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стори сѐ за да ја надмине деструктивноста на СДС и да се валоризира соодветно нивниот труд, односно да ги добијат заслужените субвенции. Пари во буџетот за субвенции има. Истите се програмирани и треба да бидат исплатени во законски предвидениот рок – рече Илиоски.
Според него, СДС и аболираниот криминалец Зоран Заев се обидуваат на мала врата да ја протуркаат тиранската платформа.
– Затоа со недели ја релативизираат, а преку своите партиски експерти и медиуми го навредуваат народот и ја потценуваат неговата интелегенција. Народот јасно ја виде намерата на СДС да се добере до власт по секоја цена, по цена на распродажба на државните и националните интереси, по цена на коалиција со ликови кои не признаваат знаме, химна и име на државата, по цена да ги премолчуваат негаторските изјави упатени кон сопствениот народ.
Сега кога народот ја виде намерата на аболицираниот криминалец Зоран Заев, овој се обидува на секој начин да избега од соочување. Заев одбива упорно било какво решение кое води кон излез од кризата, се обидува да ја блокира државата и бега од избори. Кризата која аболицираниот криминалец Зоран Заев ја направи за сопствен спас, сака да ја искористи за да ги турка државата и народот во дополнително неизвесен период.
Нема да може да избега од соочување со народот, исто како што нема да избега од одговорноста за криминалот во кој тој и неговите пајташи од раководството на СДС се до гуша заглавени.
Затоа народот е на нозе!
Затоа Македонија се буди! – заврши Илиоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиоски: Грижата за младите ќе ја покажеме со конкретни мерки и нови работни места во Битола
-
Илиоски: Три нови кружни текови и велосипедски патеки за побезбедно движење во Битола
-
СДС сака да испрати порака до цело прaвосудство – мора да се слуша Заев, во спротивно сите ќе бидат разрешени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Судот да ги врати пасошите на лицата опфатени во предметите на СЈО