| четврток, 6 декември 2018 |

Блокадата ја правите вие со тоа што прифаќате постизборна манипулација

ilija-dimovski-3Пратеникот Илија Димовски до колегите од СДСМ денес порача да се откажат од манипулациите коишто постизборно сакаат да ги спроведат во Република Македонија и да се откажат од прифатената тиранска платформа којашто е причина за сите блокади што се случуваат во општеството.
-Сакам да апелирам како втора партија, да не ве наречам губитничка партија, да прифатите дека граѓаните не одлучиле вие да бидете победничка партија каква и постизборна манипулација да се обидувате да правите никогаш ќе го немате легитимитетот од граѓаните на ниво на држава. Изгубивте во 5 од 6 изборни единици, изгубивте во 80% од општините, добивте помал број на гласови, добивте помал број на пратеници и го немате легитимитетот. Единствено што треба да направите е да ги отфрлите сите постизборни манипулации, да го прифатите вашето место на втора партија и работите ќе бидат одблокирани. Практично блокадата ја правите вие со тоа што прифаќате постизборна манипулација и нормално е да очекувате дека граѓаните, пратениците, многу уметници, спортски работници, многу културни работници се спротиставија на ваквиот начин на политичко насилство кое што вие се обидувате да го наметнете на сцената – порача Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top