| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден италијански гигант застанува во редот за потписот на Илија Несторовски

Илија Несторовски, еден од најдобрите македонски фудбалери во овој момент и член на екипата на Палермо, повторно е во центарот на вниманието кај италијанските медиуми.

Скоро е сигурно дека тимот од Сицилија идната сезона ќе настапува во Серија Б, па за очекување е најдобрите поединци на тимот по завршувањето на оваа да го напуштат клубот. Таква е и ситуацијата со нашиот голгетер, за кого веќе подолг период се зборува дека е мета на голем број европски гиганти. Премиерлигашите Евертон и ВБА, шпанските Атлетико Мадрид и Севиља, како и италијанските Сампдорија и Наполи веќе бараат решение како да го придобијат „Нестор-гол“, а сега истите ќе имаат конкуренција и во екипата на Лацио.

Како што откриваат италијанските медиуми тимот од Рим во Македонецот гледа како идеален партнер на Чиро Имобиле, кој оваа сезона со 20 постигнати гола е најдобар стрелец за лацијалите. Засега, не се познати условите кои би ги понудил Лацио, но сигурно раководството на Палермо нема да прифати понуда помала од 20 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top