| четврток, 6 декември 2018 |

Панатинаикос поднесе жалба до Евролигата за судиите и за Перо Антиќ

Челниците на грчкиот кошаркарски клуб Панатинаикос, никако никако да се помират со катастрофалниот старт на серијата со Фенербахче во Евролигата. Турскиот тим славеше на првите две средби во Атина и сега се наоѓа на чекор до пласман на фајналфор турнирот во Истанбул. Газдите на ПАО решиле да испратат и официјална жалба до Евролигата.

Во неа, прв на удар бил судијата Пукл, а споменат е и македонскиот кошаркар Перо Антиќ. Имено, во втората четвртина на натпреварот дојде до мал конфликт меѓу Антиќ и Синглтон по кој и двајцата кошаркари добија технички грешки, но во ПАО се жалат дека нивниот Американец не заслужил такво нешто, бидејќи не реагирал на „провокацијата до Македонецот”.

Грчкиот тим се жали и на недосудениот фаул на Калиниќ врз Бурусис, како и на прекршокот на Диксон врз Синглтон што не бил регистриран од судиите. Челниците на ПАО заедно со жалбата испратиле и видео-снимки од овие моменти, во обид да направат притисок врз арбитрите пред утрешниот дуел во Истанбул, бидејќи е јасно дека никако не може да се влијае врз конечниот исход и победата на Фенер забележана во Атина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top