Германецот Себастијан Фетел, кој е водечки во генералниот пласман по првите три трки во Формула 1, изјави дека и наредната трка за Големата награда на Русија е една од оние кои им одговараат на тимот на Ферари.
– Мислам дека нема да имаме проблеми со временските услови во Сочи, каде температурата е многу пониска од во Бахреин. Во Кина беше слично, па бевме конкурентни со болидите на Мерцедес. Наша задача е да продолжиме да правиме притисок на конкуренцијата, најмногу на Луис Хамилтон. Се до сега Ферари имаше извонредна стратегија и за тоа морам да му честитам на мојот тим – изјави Фетел.
Трката за ГН на Русија се вози на 30 април со почеток од 14.00 часот. Во генерален пласман Фетел има 68 бода, Луис Хамилтон 61, а Валтери Ботас е на третото место со 38 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.