| четврток, 6 декември 2018 |

Грција го губи Солун

Шеесет и седум отсто од акцискиот капитал на грчкото пристаниште во Солун е продадено на тендер на германско-грчка-француско-кинески конзорциум.

– Таа продажба беше дел од договор на Грција со нејзините кредитори – Европска унија и Меѓународниот монетарен фонд, соопшти грчката Агенција за приватизација.

Конзорциумот понудил 1,1 милијарда евра и е избран пред две други конкурентски компании. Во конзорциумот се германската „Дојче инвест еквити партнерс“, грчката „Белтера инвестмент“ и „Терминал линк“ во кој се француската ЦМС-ЦГМ и кинеската државна компанија „Чајна мерчантс холдинг интернешнал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top