На денешната собраниска седница Илија Димовски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека не така одамна во Вардарска Македонија се изгубени 24.000 млади животи, во Егејска Македонија 20.000 животи, односно македонскиот народ дал над 44.000 жртви за идејата за слобода, сувереност и право на македонскиот народ да има своја држава.
– Сега замислете требало да поминат само 60-70 години за да се јави една нова генерација пратеници коишто молчат, знаат дека има платформа, знаат што е прифатено, молчат зошто, зошто некој од нив треба да стане министер и ќе биде министер, 6 месеци или 4 години нека биде. Замислете тие не се подготвени да ја дадат својата жртва – потенцираше Димовски.
Тој на крајот додаде дека жали што сѐ уште ниту еден пратеник од СДСМ не собра храброст да го жртвува својот мандат од неколку месеци и да ја каже црвената линија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вице-евро-рекордери во полнење кутии на гласање, кривична одговорност мора да има!
-
Димовски му порача на Груби: Седнете вие со Џафери и гласајте сами за ДИК!
-
Димовски: Амнестијата за 27 април не е услов за избор на ДИК
-
Димовски: Жално е ова што се случува, од вечерва почнува крајот на погубните политики на Заев и неговата власт