| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец ја горел мајка си со вжештена маша

staricaНа 11 април годинава П.А. со употреба на физичка сила и вжештена маша на мајка си ѝ нанел повеќе удари по главата и телото од кои оштетената паднала во бессознание и во критична состојба била пренесена во болница
Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против П.А. (50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид.

Како што соопшти денеска МВР, во периодот од март до април 2017 година пријавениот секојдневно психички и физички ја малтретирал својата 79-годишна мајка со која заедно живееле.

На 11 април годинава П.А. со употреба на физичка сила и вжештена маша и нанел повеќе удари по главата и телото од кои оштетената паднала во бессознание и во критична состојба била пренесена во болница.

Од страна на судија на претходна постапка на П.А. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top