| четврток, 6 декември 2018 |

Моќен настап на Пејчиноски и на Мојсовски во Белорусија

Со моќен, енергичен и впечатлив настап, познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски достојно ја претстави Македонија во Белорусија.

Ги собра аплаузите не само од белоруската публика, туку и од членовите на Претседателскиот оркестар на Белорусија, кои по многуте соработки со најголемите светски музички ѕвезди, за првпат настапија со музичар што не е и вокален интерпретатор.

Со четирите изведби на познати композиции аранжирани за оркестар, Пејчиноски, кој беше специјален гостин на вториот концерт од серијата „Smoke on the water“, заедно со Претседателскиот оркестар предводен од маестро Виктор Бабарикин приредија вистинско шоу за присутните, но и за поширокиот аудиториум, кој преку малите екрани го следеше целиот концерт.

И вториот Македонец кој ја претстави Македонија на овој настан, Боби Мојсовски, инаку добиник на Град-при на Славјанскиот базар за 2012 година, имаше одличен настап пред белоруската публика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top