| четврток, 6 декември 2018 |

Ченинг Тејтум стана татко – сопругата му се породи на другиот крај на светот

Најзгодниот актер за 2012 година, како што го прогласија американските медиуми, Ченинг Тејтум, во моментот е во Лос Анџелес каде што го снима неговиот нов филм „Jupiter Ascending“. Неговата сопруга, пак, Џена Девон Тејтум, во Лондон го роди нивното прво дете.

85th Annual Academy Awards - Arrivals

Ченинг и Џена за првпат станаа родители, но сѐ уште немаат име за нивната ќерчичка. Среќната вест за медиумите ја потврди нејзиниот татко.

– Тие се неверојатна двојка и ќе бидат прекрасни родители – изјавил дедото Дерил Девон.

Чанинг и Џена се запознаа во 2006 година на снимањето на нивниот заеднички филм „Степ ап“, а се во браг веќе четири години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top