| четврток, 6 декември 2018 |

Од септември Кембриџ програмата и во средно

Во општите средни училишта од септември ќе се применуваат учебниците од Кембриџ програмата, а од годинава насочувањето во средното образование ќе се врши веќе од прва година.

Ќе има шест насоки – природно- математичка, јазик- уметност, и хуманитарно- општествена.

Од септември сите ученици кои ќе се запишуваат во општите средни училиште ќе мора да изберат една од шесте насоки за кои досега требаше да се определат од трета година.

Ова определување ќе се врши според резултатите постигнати во основното образование каде веќе се работи според учебниците од Кембриџ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top