| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Стефановски Иџе е подготовен за новата сезона во ЕТЦЦ шампионатот

stefanovski

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе конечно по екипирањето на првиот национален тим, АКК Стефановски и подготовка на самиот автомобил е подготвен за новата, втора за него сезона во ЕТЦЦ.

Иџе за првпат пред јавноста го престави својот автомобил СЕАТ Леон, комплетно брендиран со националните бои на Македонија, црвена и жолта, како и со спонзорите. Секако тука е и придружниот тимски камион, како и приколката, која исто така е брендирана.

Сезоната од ЕТЦЦ започнува веќе идниот викен,д кога на програмата е трката во Италија на славната Монца.

stefanovski avtomobil

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top