| четврток, 6 декември 2018 |

До 17 часот гласале 69,42 отсто од гласачите во Франција: Четворица со најголеми шанси за втор круг

До 17 часот попладне одѕивот на гласачите во Франција во првиот круг од претседателските избори изнесуваше 69,42 отсто, јавува дописникот на МИА од Париз.

Министерот за внатрешни работи назначи дека официјалнта бројка на излезеност на претседатеслките избори беше 69,42 отсто. На пладне бројот беше 28,54 отсто.

Во 2012 година за време на првиот круг во истиот период на денот, учеството на изборите беше 70,59 отсто. Но за разлика од 2012 година, годинава гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот, додека во големите градови до 20 часот.

Со 11 претседателски кандидати вкупно- од крајната левица до крајната десница, од кои избираат 47 милиони регистрирани гласачи, француските избори претставуваат важен тест и за ЕУ и за популистичките лидерти кои посакуваат нејзин распад.

Во првиот круг, четворица кандидати се со најголоеми изгледи да влезат во вториот, одлучувачки круг што ќе се одржи за две недели, и на кој двајца кандидати со најдобар резултат ќе се соочат.

Фаворите е новиот лик, кој не е кандидат на политичка партија, туку на движење, Емануел Макрон. Во водечкиот двоец е и кандидатката на Националниот фронт, Марин Ле Пен, а веднаш до нив е Жан Лук Меланшон. Аналитичарите не исклучуваат, Французите во вториот круг да избираат меѓу крајната десница и крајната левица.

Макрон (39) поранешен банкар кој по две години го напушти министерското место за економија минатиот август за да основа сопстевни движење под назив „На марш“, би ја победил Ле Пен или кој било друг кандидат вториот круг, покажуваат резултатите од најновата анкета на американскиот институт Харис интерактив, додека со ова предвидување се согласуваат и прогнозите на другите анкети.

Макрон себе си се претставува како „непријател на национализмот“ и кандидат на отворена Франција која има свои интереси- безбедносни, економски и социјални кои сака да ги брани, но да делува во отворен свет.

Тој со себе ги повлече и гласачите на кандидатот на Социјалистичката партија, Бено Амон, кој не ужива голема поддршка.

Анкетата на Харис интерактив покажува дека Меланшон кој од учесник со незабележителни шанси стана сериозен кандидат благодарени на борбените телевизиски настапи и со мудрата кампања преку социјалните мрежи, е на исто рамниште со Фијон, што се однесува до популарноста, со поддршка од 19% .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top