| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците збунети – што се случува со електромагнетното поле на Земјата?

Необична геомагнетна бура сосема неочувано ја зафати Земјата, а причините за појавата воопшто не можат да се утврдат. Научниците се изненадени од настанот, а досега сите одговори се, всушност, претпоставки за тоа што се случува во нашето опкружување во вселената.

Интерпланетарниот бран кој предизвика магнетна бура од типот Г1 ја погоди Земјата пред повеќе од 48 часа. Бура со ваква јачина може да предизвика слаби флуктуации во електричната мрежа што, пак, може да доведе до прекин на електричната енергија, пречи на сателитите, а може да влијае и врз миграцијата на животните. Со ваквите бури вообичаени се и појави на аурора на субполарните и поларните подрачја.

Необичната бура била причина за појава на поларно светло кое имало виолетова боја, за разлика од стандардната зеленкасто-жолтеникава, која може да се види при вакви случаи.

Научниците немаат одговор која е причината за тоа. Некои сметаат дека виновник е Сонцето поради масовното исфрлање соларна плазма, но сателитите кои орбитираат околу него не забележале такви појави.

На некои веб-страници пишува дека и во текот на вчерашниот ден имало пореметување во електромагнетното поле на Земјата, како и прогноза дека е можна нова геомагнетна бура.

Во исто време на Земјата сведоци сме на ладно и влажно време со бројни торнада, јаки бури и снежни врнежи кои не само што се невообичаени за овој период од годината, туку ги зачудуваат и метеоролозите. Сето тоа покажува дека нешто невообичаено се случува со климата, а никој нема одговор за што станува збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top